We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Stereotip (2016)

by Divizija

/
  • Streaming + Download

    Purchasable with gift card

     

1.
Sho bia 04:23
[КИСКИНОВ] Целиот мој живот пеш движам минав лавиринти, сепак нема кај што не стигнав. Успехот не би го мерел колку ќе продадам, и кој што кажал туку токму на колку рака ќе подадам. Балансирам, иднината ја живеам сега, минатотото го реставрирам. Стариот печат да го има и древните мудрости како модерни завери да ги впијат. Ова сфати го ко слика мисловен процес низ звучни бранови допира. Дел од мене што останува временски споменик вечно како стихови од Шекспирови новели. И да лично не се знаеме стереотипот е скршен и сега знаеш дел. И штом ме сретнеш кажи шо има? Како оди брат, кажи шо биа? [РЕФРЕН] Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Како оди брат, кажи ШО БИА? (ШО БИА?) Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Ако ова допира, кажи ШО ПИЈАТ? [БАНДИТ] А кој си ти да ми кажеш кој сум јас? И дали има потреба на вас да се објаснам? Кога знам дека сам можам се да сработам, за моето да биде мое, не е алчност, немам срам (Не!) ...ни грам, чекај, од одговорност не се бега! "Ај ќе правиме диверзија, скришум пополека". НЕ! Тоа не би можел никогаш да бидам сам би ги извадил очиве мои подобро да видам. Но некогаш е темно, и маглата е густа се чини ко мед да тече од уста погана пуста а ние висиме од крстот, за туѓите гревови и не смееш да покажеш со прстот. Крајниот исказ се мери штом им покажеш сила толку само мила ко да наша никогаш не била. И штом ме сретнеш кажи шо има како оди брат, кажи шо биа? [РЕФРЕН] Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Како оди брат, кажи ШО БИА? (ШО БИА?) Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Ако ова допира, кажи ШО ПИЈАТ? [КИНДЕР] Од самиот старт не очекувам ништо освен во душата мирот за да е напишан текстот. Од кога памтам за мене на дожд солзи кријам со една рака грубо тријам другата ја мијам. Заборави ме - ако не сакаш да се поздравиме зошто таму сме кај што се тура сол на раните. Го чекам денот кога ќе дојде да се поправите но изгледа црни ви се мисли како враните. А штом дадеш се - имаш ли за другите? Кругот е се помал и во него само дружите. Синџир од претпоставки во рацете го топиме штом во друштво на клупата пак ќе се најдеме. Градот како долна маица на грбот го носиме кожа ми е ѕид - графити се тетоважите. Ако ова допира - кажи ми шо има, како оди брат кажи Киндер шо биа? [РЕФРЕН] Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Како оди брат, кажи ШО БИА? (ШО БИА?) Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Ако ова допира, кажи ШО ПИЈАТ? [CHRONIC] Ист е правецот, исти е пламенот ништо позајмено, ниту пак дадено - како да биде заборавено? Кога тоа што го даваш е дел од тебе баш цело време никогаш доста не ти е. Втора шанса направи стереотип да постои, се или ништо за подобар ден до вечност сме подготвени. Ланецот во рака нека претерат чим сакат па против сите одиме ко Тазичот и Џака! Сме школата во Струмица, југот Македонија, го знаеш нели звукот по Кискинова симфонија, отвори ја кутијата пандорина не има петмина но сме ко стотина, делуваме во еднина. Историја, и сме вечни како мастило на кожа, нека застанат чим можат ама нема кој. Па штом ме сретнеш кажи шо има, како оди брат, кажи шо биа? [РЕФРЕН] Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Како оди брат, кажи ШО БИА? (ШО БИА?) Кажи ШО ИМА? (ШО ИМА?) Ако ова допира, кажи ШО ПИЈАТ?
2.
[КИСКИНОВ] Имам талент кој се повеќе ме влече надолу по патот кој го избрав, проклетство и дарба, без да жалам, за оганот доволно е само искра. Нека гори светот ако има престол, нека биде претворен во пекол ако нееднаков е секој овде нема за нас место - невреден е мојот чекор. Илјадници патишта јас да сум можел би одел, би препливал море, би се качил до врв кај човек не допрел за да викнам гласно "oва е мој ден!". Па трудот е реализиран со правилата погазени, изгледа едини начин за успех е тогаш кога се од себе ќе дадеш ти, до краен здив. Се прашувам, дали некого заплашувам, или само се залажувам, кога ли да се откажувам? Невољи ме следат - ова е "Неопходно зло", па "Нема повеќе тајни", нема никаде баш ко ова полошо дно. Образот свртен милион пати, и на двата оставени траги, лузни од шамари ладни кога без смисла докажале приказни лажни. Зборам за нивната догма, гледам "Под небото оган", тргнав "На пат кон дома", "Никогаш исто" ко ова штом еднаш ја добиеш "Шансата втора". Па "Не заборавај" дека пораз во борба и не е губење војна, и дека се е константно и дека нема никогаш доста, и си рамо до рамо ко брат ако си со нас по пат, стави се мојата кожа и куќата моја е твоја! [РЕФРЕН] Се или ништо, светот е мој а делувам вишок, јас или никој - во туѓата кожа никогаш исто. Приказната моја е твоја и пехар од борбата кобна, превез стај си на душата и влези во мојата кожа! [CHRONIC] Имам талент кој се повеке ме влече надолу по патот кој го избрав, не дека се каам ниту пак се праам дека знаев сепак ете признав. Додека сум млад имам занат, зборот алат, зарем тоа не го барат, или сакат да сум сакат па ги плаќат тие што реалноста ја шарат. Гарант тоа е, пречка моја е, ваљда што сум толку објективен, не сум нивен продукт, имам мозок затоа и никогаш не седам мирен. Имам силен сојузник во мене кој е спремен но во ова време ете не знам дете дали совет добар е да бидеш како мене човек веќе. Се прашувам, дали некого заплашувам, или само се залажувам, кога ли да се откажувам? Од сето ова што ми носи ништо друго освен невоља и фрка нека бркат работа и нека не се враќат само еднаш да се свртат. Може таму далеку од сите погледи ќе бидам се што можам јас, не ми треба компас ниту патоказ да бидам се што можам и што треба. Јас сум врева и сум гласот кој ги води сите можни генерации па ви плукаме по генот и системот сите ваши анимации. Кој не лажат и не трујат дека патот ваш е патот прав за да го следам иако не гледам некој излез туку само беда или бездна темна, каде лежат сите ваши соништа и сите ваши борби само пораз, јас сум повеќе од сето тоа и го можам сето тоа само јас. [РЕФРЕН] Се или ништо, светот е мој а делувам вишок, јас или никој - во туѓата кожа никогаш исто. Приказната моја е твоја и пехар од борбата кобна, превез стај си на душата и влези во мојата кожа!
3.
Vecnost 02:52
[КИСКИНОВ] Во мојот живот погледни, сите тешки потези тие моменти кога немав извор на совети. Денови во кои кон небото гледам, авионот лета, камо ли јас да сум во него сега... Да ја вратам неа, пак да се смеам, времето бега, а како да беше вчера... Се плашам да не е предоцна, забите чкрипаат од нервоза - не можам да се препознам сам. Ова непознат пат ма и да е неповрат јас ќе одам брат знај! Темелот поставен е, белегот оставен е, времето убаво ко трајна лузна со нас ќе е. На песнава пишувам ко име на влажен цемент за после долго време да видам што ние бевме. Приказна запишана ко заповеди десет, јас со тебе сум до крај, а мојот збор е вечен! [РЕФРЕН] Не сме сами знам иако животот не води по различни патишта имам брат јас. Верувам се е со причина низ секоја мисија со тебе сум до крај вечна Дивизија! [КИНДЕР] Би заборавил на се што сум до сега рекол но како кога е потешко од сите нас заедно. години градено крв пот мака дадено дома навидум се е исто и не променето. Но не застануваме тука, надвор иста слика солзи од радост и мака не грижи се мајка. Би се вратил сега само за да вратам среќа кога знаеш успехот, бара жртва следна. Раскрсница не дели како парен на две цели и волците во глутница го делат пленот нели. И пак ке дојде мирот, пак полни со живот ќе се спои сите како коцките од лего. Што би зборувал кога би ги немал луѓето среќа моја до мене се па до вечност одиме. Факелот е запален штом на пат тргнеме засекогаш деца бевме и тоа ке останеме. [РЕФРЕН] Не сме сами знам иако животот не води по различни патишта имам брат јас. Верувам се е со причина низ секоја мисија со тебе сум до крај вечна Дивизија!
4.
[FARSE] Без да кажеш телото збори, те издава безмислено ти твори. Создаваат кодови, пловат бродови, минат тонови, мисли само рушат сонови. Седи ти тука учи психологија, смени позиција - разбиј монотонија. Преверти очи - знак на сомнеж, сјајот во очи се претвара у копнеж. Забрзано одење... па ти си искрен, кажуваш одговор пред да си питен. Само ти си битен - не прави шаблон, се прави лом - пукат мисли ко балон. У афектна состојба не носи одлука, ти треба обука за да стигнеш ти до тука. Со наведната глава ти си несигурен, искажи се, испцуј се, биди си така природен. [РЕФРЕН] Еј може да ти поставам правило на игра - јас прв да почнувам и на мој знак гестот ти зборува, потег од рефлексот јавно те издава, признавам! Еј може да ти поставам правило на игра - јас прв да почнувам и на мој знак гестот ти зборува, потег од рефлексот јавно те издава! Те држам уште пред да паднеш, уште пред да помислиш за да станеш телото ги издава твоите тајни, твоите рани, твоите мисли не се трајни. Овие дланки, па ти си ми пријател, имаш подигнато други сам за себе си двигател, еј не се плаши ти, има психијатар нечиј живот не глуми, не си на театар. Не прави фаци на огледало, то не ти требало, се ти е сјебано, од тенко правиш дебело. Чуството на немир преминува у презир има да учиш - уште си у кадети. И у моите очи ти се препозна имаш слика и пак ти е непознат, има други лудаци по твојот автопат само патови низ мислите у неповрат. [РЕФРЕН] Еј може да ти поставам правило на игра - јас прв да почнувам и на мој знак гестот ти зборува, потег од рефлексот јавно те издава, признавам! Еј може да ти поставам правило на игра - јас прв да почнувам и на мој знак гестот ти зборува, потег од рефлексот јавно те издава!
5.
Beleg 03:56
[КИНДЕР] Јас сум ветеран, а треба да се претставам грешка моја признавам, зошто ги почитувам правилата за играта, мислата и римата - штом се вклопат во едно ја гледате суштината! Се гледаме на бината, ја носиме вештината, верувам во секој кој ја зборува вистината! Потишти ја лутината, промени ја младината, па не чекај - сврти нова страница од книгата сега! Задржи ја мислата, замрзни ги времињата, за секој што ти згрешил одврзи ги кучињата, но лоши мисли стварат од добар лош другар, лоши вести прават од прост да глуми мудар. Сум видел јас и полошо - погледни го изборот, зберени во дувлото - заговор за животот. Не мора да биде тој, но мора да пушти свој, да поминеш без лузни овде не си човек мој! [РЕФРЕН] Ова не е само за денес, оваа борба трае цело време. Помини низ сите свои доблести, биди поголем од сите твои проблеми. [КИСКИНОВ] Толку многу години од мајк прашина чистам, пуста навика иста, барајќи љубов за кругов да видам. Ко Атлантида длабок ритам, барам во рапов мисла, играта да ја сменам за да не е градов ист пак. Образ белиш како да полн со грев си, домот штом е несигурен и ти ко него ќе си. Границата на вредност смени пол, квалитетот и талентот губат невиност. Макар и да работиш ден и ноќ, знај, за многу ти ќе си лош, Неправда ко "Патика Лева", знак да заминам чекам, белег да оставам исто како да забивам чекан. Ќубрик режира, очи ширум отворени се, мислите на прав начин доловени се. Уникат ко страв во улица темна, бараш светлост, кога со темница се убива сенка. [РЕФРЕН] Ова не е само за денес, оваа борба трае цело време. Помини низ сите свои доблести, биди поголем од сите твои проблеми. [CHRONIC] Секој стих, секој збор, нека биде како коридор, од сите страни секој чекор нека биде заговор, за да ќор може да се пронајде во сликата, за да спор држи чекор достојно во играта. Суштината е едноставна, но нејќат да ја сфатат, па затоа би сакал ова длабоко да допре, да! Оставам јас белег каде раката не допира, а чувствата да прават бура срце да во стопира. За момент па да ја разберат и вредноста, да знаат дека ова значи повеќе од музика, рап, улица и публика, и секој што за момент бар направил да не губам верба во овој дар! Од сам старт, знаеме кој ни е погонот, што не води нам низ сите срања, кој е слоганот! Што е причина за оганот што гори веќе толку време за светлина да има во животот темен! [РЕФРЕН] Ова не е само за денес, оваа борба трае цело време. Помини низ сите свои доблести, биди поголем од сите твои проблеми.
6.
Nasata skola 03:54
[РЕФРЕН] Слушај не како да ова крајно е, ко да ова вода е наспроти огнот разгорен, ко да ова дава смисла кога сето празно е, ова топлина е кога се во светот ладно е. [КИСКИНОВ] Да не беше музикава кога мал бев кога по грешни патиша и краишта растев немаше да биде исто - и јас да сум над се нажалост тоа што полн со олош овој град е. Знај, музикава ме промени на подобро, слободно плови бродот мој а тони тежи мојот збор. Па за грешка јас нејќам да чујам повторно исто ко кон себе грешно да го стиснеш орозот. [КИНДЕР] Ти си причина што ние имаме другари од секој град, причина за секој што тргнал по мојот пат, по пат, ме научи за гардот горе и чувај што е свое, научивме со пишување се станува поет. Ако денес е денот да се вратиме таму кај што почнавме за белег да оставиме. Па без двоумење опремата пакувајте микрофон, грамафон, емсито и продуцент. [РЕФРЕН] Слушај не како да ова крајно е, ко да ова вода е наспроти огнот разгорен, ко да ова дава смисла кога сето празно е, ова топлина е кога се во светот ладно е. [FARSE] Имам нагон да снимам баш до тама баш до толку сам на себе да си дигам галама, да правам реклама на мојот филм не ми мириса на лошо ми мириса на дим. Цело време сум зафатен, ноќите поминати запишани на тефтер. Животот е музика у еден канал е тој момент прави безболна рана. [БАНДИТ] Да не беше музикава ко жица бодликава што еден убод остава вечни лузни бар сто... Тие стапки што крцат круто во снегот на студот се раката подадена ти штом се давиш на суво. Повеќе од мавање глава на грувот повеќе од одбрана кога ти судат а валкано игра судот, повеќе, зошто доволно нема да биде никогаш, прашање е, што ако не беше музикава! [CHRONIC] Ова е фала, зошто секогаш со мене си во реалност и сите сни со мене што ги сподели. Такви моменти како денот што не спои копиљаци со идеи свои сега бранат исти бои. И не постои нешто посилно од таа љубов што ја имаме во кругот гарантирам како никој друг. Но, ништо немаше да знам без ова музика па повтори ако ти не осеќаш. [РЕФРЕН] Слушај не како да ова крајно е, ко да ова вода е наспроти огнот разгорен, ко да ова дава смисла кога сето празно е, ова топлина е кога се во светот ладно е.
7.
Sopatnik 03:27
[КИСКИНОВ] Јас видов човек - никаде човечност, новчаник - ништо во него писмо - во него зборови: "поздрав, ова е последно". Видов другар што на друг надолу повлекол видов слеп кој везден чека ден посветол. Видов љубови како активни вулкани ерупција и радости, не постои друга и другари што треба да се пример и синоним трајни лузни од привремени личности. Оставен на волци во борба константа, ноќва сум напнат, болка и солза, арам и катран. Ко да сум САФ јас - "моите дни знај тажни се" нож во грб забиен, Кинг Конг качен на зградите. Удар во градите, сказалките на место пет до дванаесет неколку минути да е крај на се. А решението кај нас е и тоа што правиме јас и ти за нас е. [РЕФРЕН] Се што видов е тоа што јас сум денес, резултат на тоа каков мојот свет е! Наспроти секој што бара да сум поданик, па биди до мене, јас сум твојот сопатник! Се што видов е тоа што јас сум денес, резултат на тоа каков мојот свет е! Наспроти секој што бара да сум поданик, па рака подади, биди мој сопатник! Не е страшно да си сам туку ако немаш со кој да си на улица денеска јас сум ти само познаник опционален сопатник во случај ако решиш да ме поздравиш. Ние сме тие, нели светот е наш пропуштаме многу да дојдеме до правиот пат а премногу видов па слободно кажи дека сум луд но штом дојде денот за суд, вртам назад круг, тргнувам на југ! Јас сум дома пак, поздрав брат и немој да прашуваш за патот кој го одбрав јас! Ниту за мојата мака, за тоа кај јас сум стапнал ко да сум дужен - па сум суден за стапка во калта! Јас не сум Страјк, но брат, тие што знаат - знаат и добар момент е штом чуеш underdogs да лаат! Па не заборавај на нас, кога на бината газам микрофон штом бришам и чистам од правта со прав рап! [РЕФРЕН] Се што видов е тоа што јас сум денес, резултат на тоа каков мојот свет е! Наспроти секој што бара да сум поданик, па биди до мене, јас сум твојот сопатник! Се што видов е тоа што јас сум денес, резултат на тоа каков мојот свет е! Наспроти секој што бара да сум поданик, па рака подади, биди мој сопатник! Како да се победи стереотипната мисла? Како да се излезе од подреденоста која не дели и осудува? Како би ја прошириле свеста ако не со разбирање на различниот од нас? Кога би се осмелувале повеќе, полесно ќе ги срушиме рамките кои не држат неслободни. [РЕФРЕН] Се што видов е тоа што јас сум денес, резултат на тоа каков мојот свет е! Наспроти секој што бара да сум поданик, па биди до мене, јас сум твојот сопатник! Се што видов е тоа што јас сум денес, резултат на тоа каков мојот свет е! Наспроти секој што бара да сум поданик, па рака подади, биди мој сопатник!
8.
Lanec 03:16
[FARSE] Сите фаќат да си одат, не оти сакат туку морат, мајќи плачат ги испраќат - свесни знаат не се враќат. И не се плаши нека одат, опасно време нема пари, осамени сите стари - жални фаци, се молат дома да се арни. Уствари вие сте гадни, ладни, ги испадивте сите наши другари, млади имат муда да напуштат без да трепне без старите да се лутат, ми се гади од сама помисла, дека треба и јас да се пакувам. Да одам у добро позната јабана, идејата е позната - нема ништо за промена. [РЕФРЕН] И сите си одат се водат за рака, создаваат ланец од мака. Сите сакаат да си одат, се губат морално ги гонат, наш'та земја само падни, нема стани ни стандарди. И те прават да си познат, шамар добиваш за возврат, нема шанси за на врвот да дојдеш на ред али они прво. Да осетат благодет и луксиз, ти си баксуз ти се дерат ти си луд. Летат куфери по граници, масовно си одат правници, деца мозоци мирни бубалици. Остана шкарт, празно у парк, празно низ куќи, празно у стан, нема настава у школа, пошо нема деца, нема фора. [РЕФРЕН] И сите си одат се водат за рака, создаваат ланец од мака.
9.
Ogledalo 03:23
[КИНДЕР] Кажи ми дали ти... секој ден се градиш ли? Јави ми каде си, оставате ли белези? Си тргнал по твојот сон или да направаш пари, секој својот пат го гради додека сме млади. Но, во меѓувреме апсолутно немаш време, притисок од се што е поврзано со тебе. Девојка, работа од сабота до сабота, фамилија, срамота пак е крива мајката Се памтиш ти, различен од другите во погледи, последните клупи ги чуваат сите спомени. Жал ми е дека не се сменивте со години деца со предиспозиции денес проблеми. Прашање: зошто се е толку контрадикторно? Одговор: не си таму кај што ти е срцето. Се што зимаш, земено е здраво за готово, па еве нож забиј таму каде што е одговорот! [РЕФРЕН] Се изгледа како тука никогаш ништо не се сменило, се додека не се погледнеш сам себе во огледало. [БАНДИТ] Господин 5та смена на должност пак. Причина? Сам не се врзува крај со крај. Крах не е опција, место одмор работа, птицата во кафез сонува само за слобода. Сам во свој затвор, сам свој пастир некогаш, па нектарот на спектарот е стално незабележан. Забелешка: не се живее сто века, песокот секако тече, но никако пополека. Целите поставени се кул но, времето не запира, реалноста гризе ко Куџо. Каде е човечното во човештвото јас се прашувам, од ден на ден е полошо, не да ве заплашувам, но... Што е полошо? Сам свој кодош кога си, или со добра намера го стискаш орозот? Злодело понекогаш си годи но, да е оправдано, после се да се погледнеш во огледало! [РЕФРЕН] Се изгледа како тука никогаш ништо не се сменило, се додека не се погледнеш сам себе во огледало. [КИСКИНОВ] Наместо промена, посегна ти кон злодела, броиш многу ситно се дури црна вреќа не дочекаш. Ради приоритети туѓи сам себе се губиш, не е доцна да повлечеш црта и да земеш друг лист. Приказна друга да вметнеш ти, не дека си светец ти, туку дека свесен си, што тежи на плеќи веќе да не те терети, дури не е доцна, напрај добро за себе си, зошто... [РЕФРЕН] Се изгледа како тука никогаш ништо не се сменило, се додека не се погледнеш сам себе во огледало.
10.
Insomnija 03:05
[КИСКИНОВ] Чудна ствар е како зборот "иритира" во рима со "инспирира" е како "љубов" и "суров", како "ноќта" и "болка" како "чудо" и "лудост", како "моќ" и "дно" "сон" и "бол", "под" и "кров". Иронија е сето, сме слободни со вето гледа светов, ама чекор не е доволен за цел што километри трае, а ти штом не си знаел дека вечно не ќе трае се, ноќта штом ќе падне, ќе бидеш сам ти, ќе немаш кај ти другарите твои сега се странци, дали сфати? Едни во држава друга, а други само за тебе не се тука си во круг, а... Штом грешка повтараш ти, простор не оставаш и штом не се поправа ликот - одма се познава криво секој твој план ќе доплива до брегот и не ќе можеш стапката да ја скриеш во снегот. [РЕФРЕН] Инсомнија, кога не можам да заспијам, очи кога затварам, ме мачи мислата, се што имам јас. Инсомнија, кога не можам да заспијам, очи кога затварам, ме мачи мислата, оваа приказна. Сакам низ многу ствари да поминам а помина многу време за конечно јас нешто да добијам. Одбив да правам тоа што не сакам, ко да правам престапка! Совест чиста - друго ништо не ми треба знај! Може ќе ме запомнат по ова, или затворат и замолкнат да не сум спомнат втор пат пак, ах! Па сакам да поминам низ црвено и плаво и така не ги гледам во мраков! Никако пример за други! Секој сам по свои води дружи демони туѓи! Не би некој заради мене да залута да сум крив за сонот нивен ако нејќат да се разбудат! Не е доволно да сакаш, потребен е труд и мака без подлост, ако имаш можност дади рака! Планот твој ќе доплива до брегот и не ќе можеш стапката да ја скриеш во снегот. [РЕФРЕН] Инсомнија, кога не можам да заспијам, очи кога затварам, ме мачи мислата, се што имам јас. Инсомнија, кога не можам да заспијам, очи кога затварам, ме мачи мислата, оваа приказна. Кога не можам да заспијам очи кога затварам... Кога не можам да заспијам очи кога затварам... [РЕФРЕН] Инсомнија, кога не можам да заспијам, очи кога затварам, ме мачи мислата, се што имам јас. Инсомнија, кога не можам да заспијам, очи кога затварам, ме мачи мислата, оваа приказна.
11.
Vinovna 03:21
[РЕФРЕН] Ти си виновна за двата чекори назад, веќе никогаш нема ништо да е исто ко што било знај. Сега оставам се во остава и од искуства создавам моќ јас да препознаам. [CHRONIC] Нека биде се како што ми кажа само држи се, издржи ме зошто ти си виновна за мојот гнев, некогаш јас бев детето за грев, личност полна комплекс, немав правец - заглавен во вортекс. Наивен со секој - ангелот во овој пекол, штом не ја најдеш ти си овца, некој така рекол. Ти си виновна што ме натера да заборавам, што е тоа доверба пред да знам за љубовта. За загуба - дека вреди повеке од добивка... За слобода - тоа што ја прави силна душата... За уникат - затоа го обожавам мојо пат и очи кои ветуват да знаеш дека лажат брат. И вистина што е сурова, сепак е вистина, да фрлам се зад себе лесно без да кревам прашина. Се поминува само совеста не лути ја па исфрлам се што не треба од срце кутија. [РЕФРЕН] Ти си виновна за двата чекори назад, веќе никогаш нема ништо да е исто ко што било знај. Сега оставам се во остава и од искуства создавам моќ јас да препознаам. [КИНДЕР] Се прашуваш ли што те направи за тоа што си ти? Што остави, што батали времето што го истроши? Кој е крив за домот сив и сите кавги присутни? Замисли за се што тежи да сме биле отсутни. Од дното нема подоле, доволно не сте вложиле, мораме за се сами од почеток да ствараме. До таму кај што стасавте од таму ке продолжиме, не ме прашувај прашања дали ние можеме. Што морам е да се борам и да горам ќе зборам и војнава што ја водам за прогонет да вратам, од мојот џеб кратам за да слушнеш што ке кажам вперен прстот во нас, зошто дома да се пазам. Стави се на мое место - се е против толку често, заборав е како да си победник, многу лесно. Иако тесно, не посегнав по нечесно, преку пијани очи јас гледам трезно, а ти... [РЕФРЕН] Ти си виновна за двата чекори назад, веќе никогаш нема ништо да е исто ко што било знај. Сега оставам се во остава и од искуства создавам моќ јас да препознаам. [КИСКИНОВ] Ти си виновна! За да знам како гори коприва, да откријам како е, следен пат душа да покријам. Ти си виновна! За комплексот добиен и одбиен, и кога гори се јас да се сокријам во водите. Ти си виновна! Во неволјата лекција штом сум најдел, кога сум мислел да крај е, сум се лажел. Ти си виновна! Среќа што едно зло за добро е, и не сум излегол од колосек. [РЕФРЕН] Ти си виновна за двата чекори назад, веќе никогаш нема ништо да е исто ко што било знај. Сега оставам се во остава и од искуства создавам моќ јас да препознаам.
12.
1312 03:27
[CHRONIC] Кој е твојот злочин, ти си трн во очи сомнителен до крајот знам брату колку горчи борба помеѓу законот и неколку чие IQ брои помалку од луѓето во кру си се што сум и некогаш сум бил си убил или правиш некој голем дил за да те чипуват после зипуват трипуват, како да си криминалец ке те третират а градски шерифи го ебат законот пред нив не си во шаблонот и секогаш ке бидеш крив земи здив, нека пукне како сплиф во раката со молив, а мозок има одлив не е прв пат, па нема што да црпат кај што нема дрпат, за целина да крпат до смртта крвта никад нема да ја сменат поздрав свињи со прст високо кренат. [РЕФРЕН] Дали вреди сиот труд и сиот бунт, а? џганот е суд, па го гледам скапан и сиот трул јас. Правдината гине кај има сила, а валкани колена никој нејќе да има. [КИНДЕР] Cреден прст за секој што не прашал за имињата, прашал каде живеам и која е екипата, која е причината за претрес после бината, за тоа како изгледам - ја носам јас и вината. Раст во лоша околина има добри страни не секој ги гледа како да се позитивни рани. Само спушти капа или пушти рака - не не... Од вас не очекувам ни влакно помош - не не... Запознај со кој градам штом морам да се правдам, некои зборат да се вардам - трн во око сум па вадам, што ме тера од мали нозе да сум бунтовник израснувајки во уметник кај секој ти е противник. Нема излез секогаш во ист круг виден битен, момент кога секој знае си во душа ситен, на крајот што ќе остане си само едно копиле со работа од владата за простиот да опстане. [РЕФРЕН] Дали вреди сиот труд и сиот бунт, а? џганот е суд, па го гледам скапан и сиот трул јас. Правдината гине кај има сила, а валкани колена никој нејќе да има. [КИСКИНОВ] Паника! Без маски на лица во стапица јавно експонирани, гарант ги има на ѕидот во станица. Секоја музика си носи со себе дрога ти носи на себе товар, ако работа немаш. За ова треба да те оданочам сега, талентот кошта сум богат, ко во Сиера Лион да сум копал. Па се што имам донирам, не водам сметка ни за прес, ни за кеш - него за честа. Ко да го познавам секој, од Ковакс до Роршек сум видел сешто, со милион страни збрани со фусноти од пеколот премногу втори шанси за да јас бидам пример на некого. Времето ќе дојде да ме снема во димот ќар кога немам од ништо стварите бледат на список. Па ако бирам - морам да се дистанцирам оти стварно нема потреба од нерелевантни да бидам признат. [РЕФРЕН] Дали вреди сиот труд и сиот бунт, а? џганот е суд, па го гледам скапан и сиот трул јас. Правдината гине кај има сила, а валкани колена никој нејќе да има.
13.
Прв пат паѓаш, а? Е срам да ти е. Толкаво магаре а прв пат си овде. Џепариш, а? А уствари, боље тоа него да се бавиш со политика. Го гледаш оној таму? Го викаат БАТКО ДОКТОР. Голема ѕверка. А, уствари не е доктор. Богами е... за дрпање државни пари.
14.
Podobar den 03:47
[РЕФРЕН] Кога водичиот е клет следбениците во ред чекаат за леб и подобар ден... Треба од место да мрднат да не се жртва и плен, не се чуди ако утре чуеш БЕНГ БЕНГ! [БАНДИТ] Дали е можно? Не знам зошто ме чуди воопшто мета сме на иссмејување на целиот космос, во безвоздушен простор, згора на се се руши мостот, ако пробаш да пречекориш бе ќе те кошта. Па, морам да постам, тоест да глодам на коска, уште душата чиста, па не сакам да станам вошка, кога совеста боцка и кога се е на коцка и нема рака па те гази цела таа маса проста. А во, исти гомна сите сме и сити сме и уште глумиме ко да ни толку битно не е... а, мегаломанијаци, рекетари, локални фаци, борба за престол меѓу културни крадци. Само плачот е тивок, таканаречен живот, така не учело општеството од мали, па кој да кривам? Во истребување е погрешниот вид, два прста високо во вис, но не тие за мир! [РЕФРЕН] Кога водичиот е клет следбениците во ред чекаат за леб и подобар ден... Треба од место да мрднат да не се жртва и плен, не се чуди ако утре чуеш БЕНГ БЕНГ! [CHRONIC] Демек многу напред, а секогаш сме назад, мирот царува оаза и без превезот не лажат, ееј, земја утопија, слагалката ти склопи ја, сликата од индината со црна ќеса покриј ја. И молчи пак, со надеж дека кармата ќе се врати ко бумеранг, низ мрежи глуми хулиган. Такви хипокрити се никогаш сити, главна вест на ТВ по зградите зошто садат динамити. Транспаренти празни од луѓе со лица тажни, рекет и бламажи легално што џеб ти празни. Лажач бара лажач народ да го казни, инспирација од волна секојдневно што ја црпат. Нека трпат, така од памти век не учат, дека глава ведната со нож нема да ти ја сечат. Биди покорен дур конците ги влечат, иднината твоја да ти ја одлучат со печат. [РЕФРЕН] Кога водичиот е клет следбениците во ред чекаат за леб и подобар ден... Треба од место да мрднат да не се жртва и плен, не се чуди ако утре чуеш БЕНГ БЕНГ! [FARSE] Не не не не не работиш ништо, не ти е дадено да работиш со сешто. Ти ограничен си немаш идеи, запити се пред да дигнеш бунт еј, еј, еј... Сите сте услуга и стока, рипаш пред време, а незнаеш да скокаш. Имаш и ауто - само возиш бавно, пак си грешка стално, ставрно е жално ха, ха Само слуши вести, ружи цветат - зборовите се лесни, имаш бавча посеј си здрава храна, купи и флаширана вода да залечиш рана. Но ништо не те лечи ладно е вонка, веќе пукаат ќелии, мозочна бомба. Ти не знаеш каде одиш, не се мисли оди, гледај со затворени очи. [РЕФРЕН] Кога водичиот е клет следбениците во ред чекаат за леб и подобар ден... Треба од место да мрднат да не се жртва и плен, не се чуди ако утре чуеш БЕНГ БЕНГ!
15.
Doverba 03:45
[КИСКИНОВ] Уште едно утро тмурно, уште едно чувство чудно, мириса на труло. Мамурноста преку огледалото ме анимира, ме потсетува на стварите што можев да ги имам. Да речам батали, било сиво. јас немам партали, сиот сирот. Да лежам в зандани, тивок пиштол, до океан од плиток извор, сум намуртен да не ми го ремети мирот никој. Овде добрината убива па сме неплодни, без боја револуционери семоќни! Едино џезот е спас, сакс и душевен глас, и џабе на добрите дела кога си суетен гад. Низ секој твој нов почеток лузни носиш, нов карактер секогаш ко да во лудило си. И пошто непревидлив светов е, пазам се по ред, се до недоглед. [РЕФРЕН] Јас сум експерт денес, професор и доктор јас сум сегде, ќе ме почувствуваш штом ме сретнеш. Над тебе ко облак темен, ова те влече назад исто како пораз вечен. [КИНДЕР] Како да те програмират тоа што те информираат, зошто гледам мали деца ранат и формират. Во продукт за да профитират, мислиш бираш но те бират, мислиш зимаш зошто примаш, но те абсорбират. А сакам да ви верувам но треба да се преродам, дури тогаш ставот, стилот, скилот не ги менувам. Не сакам да замерувам ниту да се преправам, се што знам е повеќе ништо да не ви ветувам. Далеку од тоа дека совет јас не прифаќам, но има место, има од кој затоа гајле не бери, сте мерени - колку тежите толку и сте платени, сте верени а неверни умот гледа во денари. Не сте први, а нема ниту пак да сте ни последни, полн е градот со волна од овците истрижени. На која страна и да си - очите замижени, денес давам простор па слободно се изрази. [РЕФРЕН] Јас сум експерт денес, професор и доктор јас сум сегде, ќе ме почувствуваш штом ме сретнеш. Над тебе ко облак темен, ова те влече назад исто како пораз вечен. [FARSE] Пред мене решетки не чуствувам слобода, реалност гола ко курва легната у соба, гравитирам на левата страна гледам десната изградија загадена брана. И ти си пиј, немирно спиј, крив си ти не се двете страни исти. Негатива собира облаци, грешка у кораци, изгубени во сокаци. Бродови пловат низ градот од поплави, има мочуришта и острови од коприви. Дигна спомени фиктивни, во заборав се запишани на листови. А мастилото престана, почна да забледува и да ужива во досада. Уште мал сонува за прегратка, има јадови и бара само воздишка. [РЕФРЕН] Јас сум експерт денес, професор и доктор јас сум сегде, ќе ме почувствуваш штом ме сретнеш. Над тебе ко облак темен, ова те влече назад исто како пораз вечен.
16.
Dve strani 03:38
[КИНДЕР] Кажи ми што барам јас тука ако не сум добродојден, за да служам како пример и да чекам мој ден, полека се повлеков, карактерот и човекот, и се што прави во него за односот кон другиот. Од пијан бега и лудиот, му збориме на глувиот, моите идеи да ги претставам на идиот. Се што е запишано - отфрлено, избришано, одново не ми се гради каде што е срушено. Сигурно ти гледаш, но некако не е веднаш и образот да го свртиш доволно е само еднаш. Во очиве се гледа глад, од врвот ти гледаш пад, од моја перспектива чекам на правиот знак. Доволно сум паметен да знам за што сум наменет, да најдам излез од таму кај што немало враќање. Не ви давам значење - ви давам само мислење, изборот е само ваш за тоа што ќе бидете. [РЕФРЕН] Фрли ја монетата во вис и кажи ми што ќе се падне? Вистината е иста, но дали за неа се ќе дадеш? Чашата твоја до пола дали е празна или полна? Туѓиот грев во овој свет дали е казна или поздрав? [FARSE] Дај ми чаша вода, да голтнам грутка и да одам, мојта рака не пружи атак, не кратам правам да се сакаат. Мојата вистина, твојата вистина и вистината долго се во тишина. Солзата те помилува низ образот, а некој мора да го признае поразот. Наметни се, надвор студи, навечер те буди, а внатре топло оганот си гори. А вистината е сеуште ладна, се ќе направам за и она да се стопли. Утре ќе е темно - зборот помина граница, ти се надмина и се зароби во станица. Во душата се чуствува војна, бело знаме горе за душата спокојна. [РЕФРЕН] Фрли ја монетата во вис и кажи ми што ќе се падне? Вистината е иста, но дали за неа се ќе дадеш? Чашата твоја до пола дали е празна или полна? Туѓиот грев во овој свет дали е казна или поздрав? [CHRONIC] Многу сте далеку, дури едни до други да стоиме, со твои очи гледаш пораз победи дур броиме. Постоиме не некому да го задоволиме, отвори ме, во тоа што го мразиш ти претвори ме. Па бори се, но залудни да знаеш се чекорите, што зборите никогаш не допира до моите. Идеали кој се градат додека сме биле мали, во право сум дали? Мислам сепак нешто фали. За тебе што е Бог, за мене брат е виша сила, тебе ти е сигурно дур газиме на даска гнила. Не притиска на дното, проклето слепо око, таа ваша вистина не доведе најдлабоко. На врвот, па светот ми е појасен, паметниот не владее туку тој што е брат погласен. Две страни да се согласиме може, но парата понекогаш застанува на ќоше. [РЕФРЕН] Фрли ја монетата во вис и кажи ми што ќе се падне? Вистината е иста, но дали за неа се ќе дадеш? Чашата твоја до пола дали е празна или полна? Туѓиот грев во овој свет дали е казна или поздрав?
17.
[КИСКИНОВ] Ова сум тоа што денес јас сум пораснал од дете како сум променил ствари, ради што суров овој свет е. Па ретко цела порција да имав опција патот бодликав, а знаеш морав да се пробијам. Без постар брат во овој поган град, јас морав да се соочам со пораз па на кон дома одам јас. Ова е далеку од тоа да се жалам, туку враќам ретроспектива на тоа што јас морав да правам. Од школо основно без понашање основно, никогаш доволно колку и да е подобро, следен пат исто нејќеш кај љубовта е во преден план, не знаеш за стоп кога граница не е небеса. Може и различно си растен но штом знаеш, лебот кај е, и со која мака е праен и даден, кога го делиме делот на крај од денот, ти кој и да си - мој брат си, љубов до секој. [РЕФРЕН] За да успееш ти да работиш мора, и да претрпиш пораз, треба да свртиш образ, и да претрпиш болка! А никогаш не е доволно кога знаеш можеш подобро. [TONYO SAN] Отвараме сезона, ловиме на терен, RNS во твојот ум, вокабуларен метак, витоперен. Оставам лузни во душите, деца на Богот, почнувајќи од дното - завршувајќи на тронот. Чувајќи го зборот, никад прекршен по секој порок, почит и љубов до моите луѓе Кискинот и Стољо, но не заборавам на трњата низ кои сум прошол, еби хејтерите - не знаат колку можам лошо! Да бидам демонски безмилосен на крајот, кога ќе ме молат да ги поштедам мислат одат во рајот. Ха, смешно, ве оставам да зборите сешто, а моите раце да ве дочепат го чекам денот! Да бев на ваше место ќе гледав во својот тањир, оу, празен е? Па напунете си го сами! Или ве ранат мама и тато, во ред, дигитален идентитет, они ви плаќаат и интернет! На друга страна сме ние - слушај и молчи, песнава за да се сними сме поминале низ крв и солзи, со пот и болки, непреспиени ноќите долги, на ова место сме зошто сме гребеле со нокти. Затоа ништо не ми значи - кој што мисли, битен ми е само кругот што го сакам, моите блиски! Моите луѓе ми се битни, без сомнеж ниту дронка, а сите други шо ве ебам, марш, вонка! [РЕФРЕН] За да успееш ти да работиш мора, и да претрпиш пораз, треба да свртиш образ, и да претрпиш болка! А никогаш не е доволно кога знаеш можеш подобро. [CHRONIC] Дали срцето ти било топло на -20 дали ништо си немал, а сепак даваш се? И не, не размислуваш ко дете, гледаш различно на светов, а имаш само 13. Времето кога те гази имаш само спомени, но никогаш од проблеми, со насмевка ги памтиш ли? Сите планови срушени градат солидна слика, одраз од твоја лика и верувај ветувам. Никогаш доста, а знаеја да викат дека постар ќе заборавам на сето ко на сон па, не гледам промена, а не ми е ни потребна душава брат исполнета и никогаш не била посреќна. Од копуци до херои за млади луѓе со амбиција, многу поразлична транзиција. Иницијал длабоко во гради врежан, Д-то брат во срце гордо стои дури не не снема. [РЕФРЕН] За да успееш ти да работиш мора, и да претрпиш пораз, треба да свртиш образ, и да претрпиш болка! А никогаш не е доволно кога знаеш можеш подобро.
18.
Stereotip 03:30
[КИСКИНОВ] Гледам како клатат глава ко да ги разбираат тоа што раперите фикција промовираат сета таа лажна слика прави галама стереотипи кои стално не ставаат на страна И да си талентиран ти сепак ке бидеш во втор план ако има простор можно е да бидеш warm-up A за пари брат што да правиме муабет кешот за превоз можеш да го земеш и унапред И не е толку добро да си рапер ако не си таков ко што синоним за шлајм е немаш хит ти, што бараш тука? Клубот не те плаќа, DJ-от не те пушта! [БАНДИТ] Каде е плодот од мојот труд, гледам разврат и блуд за да бидам слушнат треба да седам во нечиј скут? НЕ! Кореографија на медиумска мафија формулата запазија, културна порнографија капија затварање пред нос е ситуација разликата помеѓу уметност и индустрија нема да бидам еден од нив, за да бидам еден од нив жолтиот печат сив, борба против стереотип! [РЕФРЕН] Секаде не има кај и да се свртиш стереотипи на видик покажи со прст ти! И ти си стереотип! И ти си стереотип! И ти си стереотип! И ти си стереотип! [CHRONIC] Додека плачеме на битови, со нонстоп исти шитови ни крадат лебот хитови пејачите со титули демек рап прават се што дават маса трујат кул се пцујат љубов губат, совет нудат па после ме судат слушај, вака би требало да звучиш да си луд и да се курчиш ке дојде денот да одлучиш нашиот ден веќе долго време присутен толку долго ти си отсутен, веќе заборавен, да... како хит што дома слушаш па тоа се дешава брате кога немаш душа а ако сакаш лекција каков да е звукот рокај "Раце Горе" дома и осети го ти духот! [КИНДЕР] Збор што длабоко продира е тоа што ме дефинира немам точка што допира со вас, за да асоцира слика се монтира за трачот да поентира остави ме на мира само вистина се бира од таму кај што доаѓам, гледам да заборавам низ се што проаѓам само за да помогнам судот малоградски сепак да него изоставам дека ќе ми пишат минус, ако не ве поздравам! [РЕФРЕН] Секаде не има кај и да се свртиш стереотипи на видик покажи со прст ти! И ти си стереотип! И ти си стереотип! И ти си стереотип! И ти си стереотип! [FARSE] Ти се хит еј, само кружи стерео минеш низ децибели временски како метео си на кратки стази, немаш лице долгорочно ти нудат се па и во текстот се ви е точно! Ко што викат старите од стара мајка сум растен со рими пишани на тетратка но има време, ке пишам и историја и за пари и за душа по друга траекторија! [РЕФРЕН] Секаде не има кај и да се свртиш стереотипи на видик покажи со прст ти! И ти си стереотип! И ти си стереотип! И ти си стереотип! И ти си стереотип!
19.
Razlika 02:57
[КИСКИНОВ] Ако сакаш да го смениш светот - почни прво од себе, види наспроти огледалото, сега е време. Земи длабок здив, мислите опушти ги, вибрациите на земјата и звуците ти слушни ги. Си се запрашал ли што те прави среќен? И колку на тоа ти трошиш време? Сетне... Знам сите имаме обврски бескрај, но не оставај сепак, тоа од што заработуваш да ти делува ко џелат. Има многу работи што вршат притисок, наследство, околности, локација, искуство. Но кога ќе искомбинираш се што можеш, кога срце ќе отвориш - тогаш до некој ќе допреш. Има и друг ко тебе брат, те разбира некој до крај, и друг се чувствува исто ко тебе знај. Па и да не делат јазици и граница, преку талентот и уметност денеска направи разлика. [РЕФРЕН] Светов околу нас не се врти, но ние би го свртеле да дојдеме до таму кај можат да допрат прстите! Да видиме што очиве можат да погледнат да сме разликата на која ќе се огледат! [БАНДИТ] Ако сакаш да го смениш светот, почни прво од себе, за гранче плод да роди треба да засадиш семе. Треба, љубов да покажеш, со искреност да докажеш, не е се од интерес, ти треба таков доказ еј! И кога нема сонце сам свети, да покажеш прав пат на сопатниците слепи. Нели не сме светци но, не гледам зошто јас не би помогнал во граници со можностите мои на било кој. И тоа така оди, за жал кај нас е со подбив, луѓето се среќни штом немаш над глава покрив. Не можам тоа да го соџвакам, и многу полесно би било да можев така да оставам. Не секогаш си победник ако си прв но, старт од дно, но патот е важен што води до врвот. За крај можам само добро да ти посакам, штом ја гледаш можноста во очи, биди таа разлика. [РЕФРЕН] Светов околу нас не се врти, но ние би го свртеле да дојдеме до таму кај можат да допрат прстите! Да видиме што очиве можат да погледнат да сме разликата на која ќе се огледат!
20.
Да можев битов да му го дадам на Slug, ил бар да знае колку влијаел за да постанам јас тоа што сум во овој рап. Да му оддадам почит на Eyedea, братот живее во секоја песна јас што ја снимам. Да му кажам фала на Дарјан јас, чест ми е што си во мојот живот, памтам брат, "На пат кон дома" е историја, штом дома се враќам, Македонија, check in на моја мапа. Многу ствари се во сенка, пошто лоши околности сретнав, многу очи туѓи се сега, многу раце и лица веќе ги нема, а од многу други јас љубов не гледам, не ми ни треба. Тие што знаат, знаат за мојата сага, борбата наша, ова е строфата крајна, што одамна правам. Животов и искуствата да беа книга, томови пишам и бришам, нови ствари идат, а ти читај. Ова не е игра и хоби, штом многу години вложив, мисли на строфи, критики строги - карактер створив од нив. Се што се случило лошо, ко да го заслуживме ќошот, стоиме таму нон стоп. Може и не звучам ко Чиста, но Џака и Гоце во нас препознаа искра, и може и не сум вреден во нечии очи, но многу други на мене се горди и многу факти се точни. Ко да сите асфалти се мокри, Дивизија стапна каде што никогаш не сонив, фала до сите со кои заедно војуваме, сите мемории, се што заедно сонуваме. Киндер брат, ќе се видиме ние пак, домот твој те чека ако не пронајдеш излез знај. Жртва еден ќе падне за другиот да јаде, голем човек е тој што тоа може да го даде. Никогаш не пуштај гард, те предупредувам, зошто за еден момент се се менува, секој момент е значаен, јас сега разбирам, кога татко ми од овој живот замина. Кажи ми кај да барам правдина, кога сета среќа и надеж се стори прашина, наеднаш, како да вложам надеж јас, кога за мојот херој нема замена... Сега ли јас да носам наметка? Кој е мојот правец? Знај не е исто штом го нема тој со кого растев јас! Но имам една мајка, и една сестра, доста лоши искушенија, но една Вера. Сфаќам да љубовта е вечна, измешани емоции имам штом ќе се сетам, тага што те нема, а од друга страна среќа, фала ти за се, се надевам добро е сега. Мислам што и да кажам дека не е доволно, кога ограничен е просторот, Сила имам дури не пресуши потокот, продолжува да плови бродот твој...

credits

released November 19, 2016

Produkcija/Mix: Kiskinov; Fundament #8; Dj Goce SAF #19;
Master: Dj Goce SAF;
Vocals: Goran Nikolov #10; Tonyo San #17;
Scratch: Dj Popeye #6;
Dizajn/Ilustracija: Martin Kovachki;

license

all rights reserved

tags

about

Divizija Macedonia

Artists:
Chronic
Farse
Bandit
Kinder
Kiskinov (also producer)
Dj Popeye
Duks (Drums)

contact / help

Contact Divizija

Streaming and
Download help

Report this album or account