We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Vtora sansa (2014)

by Divizija

/
  • Streaming + Download

    Purchasable with gift card

     

1.
Кискин: Легендата добива нова форма, победа по долга борба декада од приказната наша во нов колаж - компакт пехар во нашиот живот, трон од сепаре, поетот не застанува и да е несфатен. Ова е од улица до бина што сум минал и за секој кој со гордост нам капа ни симнал, повеќе од музика, публика и рима, низ добро и низ зло јас фамилија имам. Chronic: Имам сила кога зад мене вртат два винила, кога Киндеро го пука тагот во мракот и крикот од мајкот, Farse рефрени кога рока, кога Кискино прави публика да скока, кога Бандитот е мадафакер со неговиот вокал и стотка е барот, сме црвени букви на календарот и дарот од Господ за народ сме жарот во око за деца оставени во мракот сме таа светлина по патот. Киндер: Уличен кердибилитет и квалитети, 10 години во градење, пронајди не - во маало сме. Тагови со нас ако до подоцна останете траги оставаме за патот да го започнете. Приказната продолжува, за ова правам музика, раката тупаница блиску срцето стегната, една љубов еден микрофон веке деценија, секој заслужува втора шанса - Дивизија! Farse: Ова е исказ, не само фиктивен, ова е литература - ме прави приземен. Таа е таа желба што веќе не слушаш, таа е таа музика што соништа раѓа. И визуелно ти го создавам филмот е не на силу, туку со стилот кој зборот се искажува гнило, и небото од сино станува бело а денот се преобразува во вечност! Тронот нема крал и богот следбеници нема!
2.
Бандит: Кога помислам на вожња брат не влегувам во кола само влезам во кабина и.. и...и... и возам. Одам, на глас размислувам за се што стои цврсто порано на рапер покажуваа со прстот А сега, децата што од Струмица блеснаа излегоа на телевизија, не само песна пак. Не ми се верува колку многу пораснавме И после Животот е, Ладна совест, уште тука сме. Дивизија екипа оригинал ко Мона Лиза нема реприза, прават да лизга како клизма. пробај не сега, држи тврдина од 2003та Кискинов beat на многумина стана мечта. Неколку успеси, пропусти и пропуштени повици ко по ски спуст земаа залет, пробај сопри ги. Сонот почна во реалност да се претвара, после толку долг пат наидовме на светлина. Имам душа што дише музика, срце место метроном, лева рака микрофон, десна рака пенкало, крв место мастило и мозок место лексикон, далеку попрљав од водата во Мексико. Triple S беше семето што пушти корени, а денес стебло, гранки, цвет и роди плодови. Ми фалат тие денови, виновен Скептик за тоа, право од улиците на Струмица во најчиста форма, бе ова значи војна, еј, ова значи одма играва сака чист ум и челичен стомак. Како инсомнија е не ми дава да се смирам, морам да играм се дур не можам да бирам. безбол капче преку очи, уште панталона спуштена, тој сум кој сум брат па реагирам преопуштено. Хипхоп, Струмица е се што дишам тука сум и ке останам се додека движам.
3.
[Рефрен: Симеон] Помеѓу бизнис ил да бидеш скитник валкани мисли или кристал чисти... Ова е проклетство и дарба но е сепак добра карма [Строфа 1: Farse] Ко скитник, улицата е пикник у друга смисла си исто ко уметник ти плачеш за леб, те прават неработлив а уште повеќе ти дават храбар мотив тебе студот ти е куќа живееш во срце, исто ко да не си тука сине нека е нека се смејат ќе осетат еден ден што е беда дека дождот е единствена бања а кантите, супермаркети за храна вечера сервирана под улична ламба тивка ноќ испревртено е се и штама изворот на животот му е само верба секоја мисла го води пак на карма љубовта е процес што има отец знам дека гледа и не чува уште [Рефрен] [Строфа 2: Киндер] Велат уште потешко ќе дојде но тежината е неподнослива како сонце во пустина како единственото дрво наспроти лавина ја прашав Афродита за убавината на нашата музика Со талентот да се бунтува, таа улога во моја кожа постана облека таа пустина стана мојот дом да таа лавина единствен пријател кој покрај мене минува Добродојдовте во светот каде правецот на погледот е свртен наспроти уметникот и трудот Наспроти тоа што сака срцето и умот напротив ке ги стопам сите критиките со shure-от Ако не ме познаваш имаме иста причина ни премина во навика правејќи добри дела Пораснавме во песокот со децата од местото а местото ги направи децата како каменот Ладното прави да ме врати таму кај што почнав да сменам нешто штом со зборот мој те допрам да допрам тоа што е сменето за јас да го зборам да видат тие што не ме гледаат за што се борам Премногу си блиску за големата слика во исто време далечен за да си Мона Лиза Ова е се што имам, ова е се што сакав рапот го држиме ко малото братче за рака [Рефрен] [Строфа 3: Кискин] Во моите соништа често кажувам молитва приказни и зборови на кои често сум против јас Штом отворам очи госпелот на ветерот го слушам и уживам во музика дур сеуште сум тука Пошто кога ќе заминам сакам да нема граница сакам високо да полетам и до бескрајност да идам Вечерва нема да приспијам и маката ја испивам и после две-три шишиња јас немам религија [Рефрен]
4.
Бандит: Не можам да спијам, сонцето во очи ми пече, a беше многу ладно на клупава цела вечер. Мирисам на урина и што ли друго не, ми грчат цревата морам да најдам корка леб. Порано со кучки, а сега куче не ме душка, но не беше отсекогаш вака, слушај, бев единец на мајка и татко, со златна лажичка ме ранеа, колку слатко. Не сакав премногу па имав се што сакав, сакав само да сакам и да бидам сакан, ме сваќаш? Имав сон, имав желби, имав идеа ко мал, а сега... партал. А Бог дава доволно колку да не умрам, сакам само времето назад да го турнам, и да се вратам на тоа кога имав избор, никогаш повеќе нема да е исто. Кискин: Рефрен: Кога домот е улица, мајка ти е засолништето и кога среќа наоѓаш во зима до огништето, кога радост ти ствараат бројни ситници можеш да се споредиш со сите тие скитници. Се будам со иста мисла секое утро, "Дали ќе беше друго да го немав тоа чувство?" Несигурност и страв да дојдам до нејзин праг, да клекнам јас на колена и да ја побарам за довека, прстен како што заслужува да дочека, а сиромаштија боли штом ти е чиста совеста. Најдов начин да дојдам до кеш каков што не сум ни сонувал, но треба да падне леш. Нечиј син... фамилија да оцрнам ко катран, со нечија мака јас среќата да си ја платам. Но таа неможела да чека, па себично ме тера да се сменам и сега можам да сум женет и богат или пак свесен и горд за постапките што ме одведоа на потежок пат. Иако изгледаше како да имав избор, јас воопшто не одбрав и повеќе ништо не е исто.
5.
Киндер: Повеќе од почит е поздравот наш и не се сеќавам на сите детали бевме мали, еден куп партали а Бандит памтиш ли? на нашите почетоци и штом место најдеш ти. Tопло и на минус 23 улични муабети те греат како сказни, вистински и лажни, среќни или тажни, приказни за се околу нас, веќе кажани... Со мирисот во воздухот од твоето детство нека мислите те одведат на твоето место зошто ако не се сеќавам ке отиде во заборав и ако се заборавам за што јас брат живеам? Но барем едно знам - од каде доаѓам, со кој сум пораснал и која е мојата екипа. Неколку лика заслужни за восхит, сеќавања на лист хартија е мојот потпис Рефрен: Сети се на нашата улица зошто таму сме и ке бидеме засекогаш деца! Бандит: Бев само 15, или 16, минус 30 кила од сега, и многу наивен. Секој ден е нешто ново, иако сличен на вчера брат, мене секој ден ми беше нешто ново. Го сакав Fuck u повеќе од дома, ушикана дружина пие до кома. А од дома пискаат, до кога ке спиеш по цели денови? Собата смрди на џибра, уште носиш плетенки!!!?? Некоја магија во ноќта се шири, звуци на среќа, пакости и слатки немири, види... Уште со истите луѓе, бидејки лојалност е клучен елемент а сега пораснав и буден сум. Разлика е кола врти низ град, се слуша бум бап, место марами и во слушалки рап. На бетон бит бокс или касети во бум бокс, сајфер и туби вино на минус 100, wow.
6.
Бандит: Не знам што би правел да не беше дел од мојот живот, се појави од некаде и ми подари крила, ме научи да летам, ме научи да сонувам, ме научи да простувам, но не и да заборавам. Не знам што би бил без тебе ти си ми се, до мене кога грее сонце, кога дожд врне. Рака на срце се колнам дека верен ќе бидам, нема да те лажам душо ти ми даваш сила. Имаме врска што никој не може да ја скрши, многу сакаат да те имаат, но само пукат прсти. Не те заслужуваат само за мене ќе те чувам, со тебе заспивам и со тебе се будам... Не знаеш колку ми значиш, не ми требаше многу време, веднаш сватив. Еден за друг сме родени, јас и ти, нема комбинација друга ко нас, па викаат види ги. El 'Borracho: Колку пати да ти кажам нема да те лажам, дека јас те сакам не претерувам, нека биде се по твое, само биди дел од мојот свет, знај ти верувам. Јас го сакам твојот проблем, ти си ми оној дел за да бидам сега комплет, и да го чувам секој поглед, во срце како спомен, остани со мене за да светот твој е. А сум се заљубил многу пати, но џабе кога не сум знаел што е тоа љубов и кога те добив тебе, сум друг човек ете, а кој не осетил незнае како е да пееш за тоа што се вика љубов, треба да поминат години а и со нив ти па ќе сфатиш кога зборував за една сила што не познава граници, една љубов, јас и ти.
7.
Бандит: Таа има дечко, и јас девојка ми ја сакам но што ми се случи ни сам не можам да си објаснам. Слатка е ко нешто од Нестле, и ме влече ко зависност како нешто толку грешно може да е толку прекрасно? Прекасно е, нема назад, и прекасно е, ќе се раздени, денот ко казна. Да не раздели на две, дури не се стемни, јас и таа кардио вежби па да сме грешни пак. И недостигам штом ме нема, луда е ме следи ко да сум северна ѕвезда, тука сум за неа секогаш, кога и требам да ја земам, идиот не заслужува таква жена, но, не да ја спасам, тоа не е моја улога, бев пијан и дигнат штом решив да ја уловам. Време е да си оди мугрите стануваат ден, а у курац... мојот нов проблем. Рефрен: Синоќа беше синоќа, може вечер пак исто, само без емоции душо, да сме на чисто. Синоќа беше синоќа, може вечер пак исто, само без емоции срце, да сме на чисто. Киндер: Тие усни нежни и допир кој ме плени, ме тера да заборавам на сите други жени. Доволно сме заедно - душа и срца спремни, еден од друг учиме од кафез да се пуштиме. Но послушај ме, не сакам да ме прекинуваат кога зборувам без разлика колку слатко ти изгледаш, кога намигнуваш, па воздивнувам, во прегратки си мои, цврсто стегам дека знам денес те имам, утре неможам да гарантирам апсолутно ништо. Денов ќе се изгуби во тебе како љубовното писмо, ноќва е пред нас и се надевам да биде долга. Да сме на чисто, веќе ништо не е исто , секој поглед, секој збор, секој допир - значи нешто. Предоцна е веќе, сигурно те бараат, кажи дека си била на рап-деву ако те прашаат.
8.
"За нас почнува живот со ново име и нова страст! За нас почнува живот..." Кискин: Чудна ствар е како егото и небото во рима ќе се вклопат, а се без взаемна точка. Колку и да си најголем спуштајќи глава надоле твојата борба резултира со пораз. Така ја напуштив мојата дома, барајќи корка меѓу фазла нации демек таму нема милион санкции и начини да заглавиш и дека полесно пари ќе направиш. За нас почнува живот, конечно мислев дека.. За нас почнува живот, ако заминам еднаш. А исто е ко дома сиво, само тука немаш ништо освен чекот во плико. Слушајќи опера во крикот... Скептик сам во животот сум пилот. Деветте кругови се тука, пуста судба, чудна, глупа бука во градиве чука. А морам позитивно да гледам па ако е сега денот пред да ме снема јас ќе си речам... За нас почнува живот, брат, конечно... За нас почнува живот, јас дочекав! Да Џака Накот: Со километри илјадници од родната грутка голтам кнедла со плунка, жив човек не познавам тука. Од 8 до 8 да не видиш бел ден и копаш, и дома сум копал но ме третираат ко стока. 200 ебени евра овде ги зиам за два дена, нема партии, религии, секој си брка своја тема. Нема "добар ден" на улица, оттуѓен свет, гледа само низ призма на кеш, млеко и мед. Свој интерес секој, нема кај сосед на кафе, прв комшија ми е арап по потекло сирјанец. Шетам низ паркот дур паѓа снегот надвор, мислам на блиските, солзата мрзне на ладното стакло. Ги бришам очилата, стегам заби, длабок воздиш, барем овде сум со достоинство на човек, да ми простиш. Брате поздрави ги сите, од мене SMS, од Господ повеќе, дишам воздух слободен. За нас почнува живот...
9.
Скептик: Незнам како да ти служам Господи, научи ме и прости ми, за сите гадости што сум ги направил, радостите, што сум ги осетил, сум ти благодарен за се, честопати помислувам дека сум најблагословен. Привидната животна идила ми дава сила да издржам во моменти кога почнувам да губам крила, а душава е мила, но знае да биде мрачна, кога се нема верба во себе и виша сила приступачна. Треморот е јак и сомнежот е тука пак, и стариот пат одново за да излезам накрај појак. И нема смисла пак со злото да се борам, кога сенките се пријател во ноќта со нив морам, да чекорам кон Тебе, единствен вреден, ми дари живот а јас почит и љубов враќам кон Тебе, и навечер се враќам во мирен дом со топол оброк, луѓе мили и удобен кревет. Кискин: Чув како старите велат "немаат душа ни тела, се мрачни силуети за кои светлина треба, без неа ги нема, штом се без зрак тие ќе загинат" Но мене ко да ме следат по навика. Јас ги гледам но на значење не им давам, така само мојот страв ќе го издадам, Сенките - јас научив да живеам со нив и несигурноста да ја изедам во миг. Аури нема знај ти во темнина да гледаш само огнени јазици штом во Тартарус си еднаш. Па понекогаш сакам да гори светот пошто мислам место мене овде има друг некој... Тој што ги пишува песните и е гневен на се, гадот што градот го копа да остави белег да е... Па кога мене ќе ме нема ти ќе го гледаш мојот лик во сенка. Јас никако нема да загинам кога еднаш ќе заминам туку ќе сум најприсутен кога чувствуваш празнина. Пријател во ноќта или кошмарот во сонот... јас сум тоа што тежи над тебе дур седиш на тронот!
10.
Tonyo San: Не кажувај боље ни збор и замижи пред зло, затни ги устите во затвор и развижи на дно, не збори за сиромашните и бедот што го трпиш искини го листот со се твојот сон на кој што грб му вртиш. Замолчи... кога те боли што твоите плачат ради платите што каснат, а струјата ти ја гасат, леб и сол јадат! Врати ги своите солзи назад, голтни ја грутката, не пуштај глас за бракот распаднат. Не збори ништо против власта, крив е друг, не на пуштија и птиците преселници на југ. Ти би ли полетал со нив или си патриот? Јужниот сосед те сака колку што се сакаш самиот! Не пишувај за социјални теми - вистината боли, одбиј ги твоите идоли кога велат да се бориш, биди рамнодушен на фактите што болка значат дека твоите деца тука ќе патат и ќе се мачат. Не го пцуј светов! Не сакај да биде пцуен, ќути најтивко што можеш - твојот глас нема да биде чуен. Немој да знаеш кој е бандит, гаси тие песни, верувај им на пропагандите во дневен весник. Не биди одметник и сакај го џандарот тој ти служи тебе ако ти си во народот, сакај го барокот во твојот град и поддржи го системот, тој се грижи за тебе, за боље да ти биде денот, не те користи ко жртва, не верувај во тоа, си невработен, а школуван? Кривицата е твоја. Не ме слушај мене... јас те лажам, не верувам во тоа што ќе кажам ако тоа ти го тражат! Tonyo San / Кискин: Замолчи! Замолчи! Немој да одиш наспроти! Врати ги солзи назад! Не го пуштај гласот ти! Не го пцуј светов! Не сакај да биде пцуен, ќути најтивко што можеш - твојот глас нема да биде чуен. Кискин: Игнорирај ја болката на твоите блиски, шутни ја корката што треба да ја земе некој скитник, испиј го тоа кафе, денови по кладилници, земај ги парите од дома што се за намирници. Замисли си, што знаат твоите дома, они не растеле во доба ко оваа, епа одма непријателот да повели кај тебе пушти го, треба да е поблизу што можа - епа гушни го. И лудиот да се чуди, уметникот што се труди, трудот негов го плукни, дека воопшто не работи, шета држави и градови а, на негово место сметај, треба да си само ти. Во право си, никој друг не е битен ние не сме Џака и Таз но сме стално Против Сите! Па сега не ме слушај мене... јас те лажам, и немој да го правиш ако од тебе се бара. Tonyo San / Кискин: Замолчи! Замолчи! Немој да одиш наспроти! Врати ги солзи назад! Не го пуштај гласот ти! Не го пцуј светов! Не сакај да биде пцуен, ќути најтивко што можеш - твојот глас нема да биде чуен.
11.
Киндер: Излези надвор и види дека дождот ми е пријател, облаците солзи ронат, но нема да не потонат, напротив, ќе помогнат да ги заковат тие зборови, сонови, како кошмари. Видов речиси се што ми требаше, вкусив сето тоа што богатите го фрлате, имам се што крадецот може да украде и мисли на сиромашен како до подобро утре. Но водата е за пиење слободно, иако си тој што никој не го сака соседот, така е, никој не те третирал тебе подобро зошто да менуваме кога е се сменето? Нека виното е виновно за синоќа, цигарите за плуќата, несреќата за душата, татко ти за куќата, бандите за улица, болеста која живее во тебе од курвата... Рефрен: Нека знаат, нека знаат од каде идам, не ме прашувај ако од овде јас си одам, бродот вселенски е долго време подготвен, деновите последни на последниот марсовец. Кискин: Одамна планирам да бегам, но сакам да знам до кај ќе тера сета беда што сами на себе везден си ја везат брат на брат среќа не гледа туку терор згрозен сум од тоа сето, нема рај ниту пекол, огнот ги гори штом отворат ќори очи содом и гомора во гасна комора врати го тој лист око за око ги направи сите слепи грешки, плачот детски сега глас е светски. Дали следиш? Незадоволни од тоа што пред нив е, незаситен светов сив е, фокусот небитен, приоритети грешен правец, едни вера, втори цена, трет гледа кон туѓа жена, брат, беда... Кога политика ги дели или величи, и кога среќата ги прави себични, место да ги соедини, сами на себе си нанесуваат болка, па казната Божја е своја реакција доцна. Рефрен: Нека знаат, нека знаат од каде идам, не ме прашувај ако од овде јас си одам, бродот вселенски е долго време подготвен, деновите последни на последниот марсовец. Chronic: Со тага во очи дур ноќта ни се крши, не зборувај само молчи и во чашата ми точи без почит, ко злочин да сум сторил, заминувам јас од нив и секој миг и лик е жиг на срце гласот крик, празен извик на видик е само ризик зошто за нив не е доволно да бидеш добар човек, тоа е болест што стално влече на доле. светот никогаш задоволен, затоа сакам на горе спасот да го барам, сакам таму да ме пратат иако не се мои може таму ке ме сватат само се молам никогаш да не ме вратат кај што патат за се што сакат зад врата која нема квака кај што рака се подава да се ситат на твоја мака во цифри се сака, а не знам зошто така, имам многу љубов не знам кому да ја дадам, затоа спасот го барам на место непознато заминувам.
12.
Бандит: Јас сакам пари брат, сакам нови ствари брат, сакам виза за Марс, да полетам и заминам. И не сум алчен но никогаш не стига колку и да има нема пак за сите усти да ги смирам. Па се нервирам и не прашувај зошто пијам, зошто не ме гледаш и ретко сум насмеан. На 25 уморен од се околу мене, нема време, па уморен од се околу мене. А упорен, но де факто трудот нема цена, за да вкусам резултати работам и петта смена. Нема нема, мора да има за да се смеам, и ќе правам што ќе правам и можам за се да сменам. Крајот делото го краси, но процесот го гради, стегам заби, нема назад, тргнувам по скали. Удари пак по глава, но удари даваат снага, надевај се да боли и... и држи влага. Знам, еден живот! Сите мисли водат кон едно исто! Знам, има надеж! Сакај нешто доволно силно и ќе го најдеш! Кискин: Денов ко да е последен јас давам максимум од себе, вложувам и игнорирам порок непотребен. Знаеме за работа од утро се до вечер и реално како функционира светов денес. Некогаш толку контрадикторни што смешно е, мечта за ствари чија реално мала вредност е. Меѓу кариера и љубовта цврста, без своја поддршка и таква врска, а? Јас сум вложил денови и ноќи, борби низ војни со кои сум дочекал јас премногу зори. Ми врие крвта како во времето кога ја запознав смртта по прв пат и таа слика грда. Сепак стојам, денови бројам, не со пораз, туку со победа моја, тука за секој мој брат. Тешко е, но има надеж, па излези од таа кутија за слобода да најдеш. Chronic: Ова е предизвик, па биди главен лик и прави напори за сите тегоби ко тегови прави притисок, потикни ги сите сетила да сечат во тебе како мачета но нека нема штета и доста мисли летат, само отвори душа и умот за бунтот прво против себе, па после светот го менуваме, војуваме со негатива и никад нема да има грижа на пат кон дома штом се движат моите браќа да не мижат и да постигнат се на ум што имат, зошто е само еден, нека ти биде вреден, живеј ко да е последен кога ке го затворам да биде достоен, па да бидам јас спокоен
13.
"Празно е знај без оваа љубов, веден сите ги чувствуваш ко туѓи, а ние двајца со денови и ноќи сонувавме други!" "Драги мој..." јас не сум веќе тој, знакот на патот не цели кон коловозот твој. Па по прв пат е вистина сето, знај од другата страна никој не би те чекал вечно. "Драги мој..." се надевам си среќна и да сеуште си радосна како што памтам одамна јас еднаш... ни се разделија патеките но кај да одам знај за тебе пак би спомнал. "Драги мој..." за мојот најголем фан, во свое време искра за да продолжам да пишам пак, на моменти повеќе од потребна да дишам јас, но штом Вербата те остава и да си Голем - пропаѓаш. "Драги..." тој ден не те препознав, енергија немаше како што знаевме некогаш и добро знаеш - јас би прифатил вистина, јас би се помирил ако имаше причина. "Драги мој..." празнината нема граница, а сигурно у потешко ќе можев јас да заминам и ќе немаше "Скалила" ниту "Пишани правила", пат кон дома - само вожња од една до друга станица. "Драги..." може немаше посвета добра, но доби албум цел за тебе штом тргнав "На пат кон дома". Знаеше колку можам... ако требаше повеќе - немав нозе јас да одам. "Драги мој..." а таа што ќе е следна може ќе ме вика ко семплот што врти низ целава песна, но не ќе може да замени друга, може да е подобра и неа да сум и љубов. Исто и најголем другар, како што бевме јас и ти, би ти кажал "Те сакам" сфаќањата да ти се различни. Кога авантура и кариера ставаш пред тоа што цел живот би те правела среќна. Тука линија се повлече и се со себе повлече, радост и болка, одново мора да почне се. И не пишувам во трето лице, а ако имало такво на твојата чест ќе личи. Некој за некој постои да го ослободи или за да го повреди. Љубовта е голема како сите проблеми, емоцијата изгубена во сите тие потреби. "Драги мој..."
14.
Кискин: Беше на есен, јас бев петнаесет излегов од журка на рапер на добош занесен, иако не е мој град, заслужував поздрав и да не заглавам по студот во некој ќорсокак. Веќе е доцна, јас сум "На пат кон дома" кревам рака за автостоп за да се скријам од ладното горе палецот ко ова да е права ствар коли минуваат - а времето како да застана И ко од Господ пратен застана за мене, и тој идел во тој правец братов отвори врата, слушнав вртеше Џака "Песочен часовник" ако не се лажам. - Kласика! Се најдовме на иста страна, музика права секоја рап глава да консумира сака макрап сме 3 години разлика, тој е мој постар брат, "Моќна постава", "Една љубов - еден микрофон" Секој момент е шанса па на тие години зграпчи ја без да помислиш авантурите ти ствараат спомени успеси големи водат кон проблеми, непланирани Тој има демо снимки има талент и квалитет но ради гниди газиш на даски гнили и така нема простор "Прометеј" неказнет да им го подари огнот на тие што сонуваат и знаат да можно е овој дом за сите луѓе да е отворен, просто е, така "Структура на културата" се гради брат па стигнавме до кај што неможев да замислам. Нека гори! Музикава им прерасна во бизнис на многу мивки, сепак за кратко, па јас и тој го проширивме патот факултетот и талентот ни отворија очи иновативност и профит полни торби, до билборди а нашите дома и без тоа беа горди непроспиени ноќи доведоа луѓе нови клучеви кон порти, пороци и дроги, и тој со нив, во неповрат Секој момент е шанса па кога на крстосница дојдовме браќа почнавме од автостоп, стасавме до потомство ова е разделба, се гледаме повторно Поздрав!
15.
Кискин: Кој е тој во огледало еј Apex predator или празен метадон head... бенг бенг на момент, барајќи го првото чувство со секое следно искуство. Не! Сепак штета е што нема назад па евентуално бледе таа стара слава, еднаш главна фаца, сега приказна на дното од празна чаша, сега си антагонист во тапа расказ. Драма! Од капацитет до катастрофален карактер со најлош епитет. Брат... сети се, бевме иднина во движење, генијалци без стимул, за успех нема спиење. Но парите чим дојдат брат, нови луѓе клуч носат на нови врати ти тропаш, а еднаш чим влезеш немаш излез и константно чим ја консумираш си без фидбек. Рефрен 1: Секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба до тебе е се што ти треба, искористи го сега, не чекај! Зошто секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба па искористи ја веднаш. Строфа 2: Ќе дојде време да се смениш, може не до степен да се жениш туку да примениш начин за решавање проблеми. Знаеш ти, триесетите години не се нови дваести и нема начин да ги замениш. Идат само нови наредни, па ќе кукаш како животот го спука, што оставаш тука, кога тебе ќе те снема еден ден, дали тогаш некој ќе се сети на тебе? Сега повлечи црта и начинот на живот промени го, напрај твоето име да го нема само на споменикот, и за успех што е мерило ти ќе сфатиш, не се пари ниту ако си ќарил од туѓи маки. Не е решението знај ако си се продал, а многу во свое време го направија тоа не зошто мора, порок и слава кога е целта штета, денес тие се нечија сенка. Рефрен 2: Секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба до тебе е се што ти треба, искористи го сега, не чекај! Зошто секој момент е шанса, па помини низ тоа што те тегне назад може си грешел вчера, но денес имај верба иако мене ме нема. Строфа 3: Верувам дека ме слушна, и мило ми зашто гледам умот ти е тука фамилија и деца свои, брат, ваша куќа. Се гордеам со тебе, јас ја знам целата случка како од деца израснавме, што достигнавме, низ што ли не поминавме, еј, и дур да трепнеш помина се. Од деца до идоли до слики на билборди, успеавме, денес нашите дела не прават горди. Може мене ме нема но сепак среќен те гледам, моето име го има едно од твоите деца и знај мојот дух ќе живее до тебе и знам дека си повеќе од спремен, но ете неможам да не те заштитам кога доаѓа прашина и не го носи товарот дека си крив што заминав. Минатото не го живееме повторно, отвараш нова врата, и гледаш... потомство.
16.
Farse: Рефрен: Оуу Оуу и има веќе место има рап, веќе е многу лесно сите а на там, а на там на тесно се прават журки бесно! Сите а на там а на вам ај да видам,пак на там олд скул сум ко филмови на ван дам бам бам бам сам да не ти е бе срам остави го басот нека крши џам,беги бе на нам само струмичане разбират така на местото Да правиме бе РАП..Дивизија атак се откажав од бина не ми треба настап правам лом од музика не користам маска јас и мојта банда поставивме рампа можат да поминат само тие што се трмпат Дивизионерите пукат вадат максимум учеа од практикум втора шанса платинум албумот што разбива слушатели жолта штампа батали Рап слушаш ли доста его кој го еба него веке има рап и со децата од средно! Рефрен: Оуу Оуу и има веќе место има рап, веќе е многу лесно сите а на там, а на там на тесно се прават журки бесно! И сега нова генерација,нова доба нека учат нека сноват имат перфекна основа нека прават бум нека острат ум вокали бес шум спотови со зум остани бе тука пулсот чука постепено опаѓа рушат сонови до тука и нема ништо освен ука бука рапери разочарани мават флоу у клечки ги има премногу а вистинските се ретки Не дека е касно ама веке време помина почнавме од каменче и стигнавме до планина раперски кажено вистинско срање кој филм кој живот која слика фале Дивизија екипа синоним за сила што во секоја песна има душа има крила што допира до сите срца раперцки и само они разбират што се тоа добацки
17.
Бандит: Ова е проза и поезија, драма и опресија на мозокот ко Прозак со секоја следна сесија, опсесија и зависност, протонот во јадрото на атомот на водород во молекул на Н2О. Немир и хармонија потскриена во потсвеста, водата во сушата, исто ко душата на новороденче, кое се му е непознато и не знае за грев и љубовта му е се. Ова е магија, overdive на умот состојба толку е автентично, не може да се копира. Ова е звукот од спрејот кога лизга од дизната, звукот кога винилот се лепи на иглата. Спаринг на бина или кабина кај шо снимаш лириковна герила во battle да видат сила. Лоботомија на мозокот фитил и искри, ел комбо ла перфекто, Кискин и Rickbeatz. Јас сум Хипхоп значи постојам Ова е секта и религија, ова не прибира, листот го впива мастилото, моја библија. Ова е страст посилна од секс, во добра мисија ко УНИЦЕФ и е унисекс. Садомазохизам на ритам, знаењето на универзумот и по него се што скита. Па чаша горе за нашите предци и тие што следуваат нека бидат вечни. За ДНС, Арената, за Чиста, за Легија, за САФ, Титаниум и Подземан ефекат брат, БЦ Генерација, Авторизација, Зад Аголот, Реалити и Штип Хоп е таа нација. А Дивизија е уште еден уникат, Втора Шанса на повидок, и еве не пак. За културава што заедно не сплотува, јас Сум Хипхоп, Значи Постојам!
18.
El 'Borracho: Ова е свет каде што губиш чим си добил, ако не си бил ти со нив, тогаш значи ти си против, ако не си бил ти копиљ не го знаеш мојот мотив зошто кога сликам слика преферирам само молив. Имам мисли кои губат бои, но чувам динамика, линија и техника - знај не се губи навика. Створен за во градина но искушен си заминав, јебига и животот го менуваш за сладина. Но човек не се менува, е роден да заебува, да гледа а не верува, да збори а не делува, не се заменува недостаток со каење, богатството со парите ил паметот со знаење. Можат да го сменат изгледот на лицето, но зад нив пак се крие иста прича - тој е истиот! Мислите на бистриот ги загади нечистиот но никад не го менувај, знај еден ти е животот. Кискинов: Ова е живот кај што губиш чим си добил, и џабе што ќе сониш кога после само мал дел памтиш од нив. А искуството е мајката на фокусот затоа пази и не троши го ти попусто. Може ќе ме сфатиш ако си од кај што доаѓам или бар често навраќаш по патот кој го проаѓам. Кога грешката не можам да ја поправам тогаш врне-истура и доаѓа до поплава. Ме влечат корени, но стебло расте нагоре, ме сечат бодежи, но јас станувам најголем, се радувам на животов и знам мачно е но секоја радост е подобра од се што тажно е. Наместо проблеми-промени и место доблести-победи, имaј верба наместо сомнеж и не прашувај "Кој е крив?". Време е да тргнеме по нова патека, тргни ја маската и замени ја со насмевка.
19.
Chronic: На врвот ко никој друг, сите без слух, сите ве чув, бетон не клуб, нека сум глуп ова е лично мојот труд, нема продажба на тираж зошто срањево е смртоносно како пират, се чекират, инспирират, ова дрма како раце горе, сите шкарт фаци доле, ајде баци под во ова поле, каде треба да си уникатен, тогаш ке бидеш сфатен и пратен од прави луге кажи дали разбра златен, или можеби сакаш нова тура лекции за ова култура, која ти носи бура дома истура па удира ко гром од ведро небо дури потешко од гревот на Брејвик зошто на пик е секој фенси лик од секој клик! Нека не земат за пример и гледат дека се меки и тенко предат сега за сега и врвот ни бега но нека сепак не ми треба зошто правам врева и бука исто ко тапан да чука на свадба галичка, манијак во уличка, па си пичка пред силување, барај засилување, армија од 300 не те спасува ни иста, со ваков пристап сум фатален, ко калашот рафален, стумичанец феноменален, за рапови сум кален, чим мајкот е запален знаеш кои се тука, кој од плуќа пукат истрели ко НИКОЈ ДРУГ се слушат, директно од душа рапери нека се гушат, па пушти во етер и ке не можат да не срушат! Бандит: Дивизија и никој друг брат, Бандитот е тука, Ел'Борачо пали куќа, пироман по струка, ко акупунктура бушам - се гушат моите противници, за Хип Хоп зависници, Бум Бап намирници. Профи строфи се мотив за другите да се на допинг, сепак треперат пред нас со гаќи мокри, оти никој не не сопира, никој не се опира, никој не е толку ненормален за да копира! Никој не се потпира, се плашат дека касаме, фитилот гори па крајот секако е фатален, не примам поплаки, само вршам достави, остави, поставив стапици па чекам оставки! Отстапи! Немаш ни фат, ни фаца за мајк, со рафали правам партали, ова е крај! Па не гледај накосо, обиколи од околу, кој сака battle оди еден спрат подолу. Кискин: Време мина, години, имиња гинат од Чиста се до Титан, улица до трибина! Запомни јас се што создавам, која е "Моќна постава" побрутална од Sandy ако стане збор за поплава. Дури и во пораз знам фокус е на одбрана, за во случај ако паднам, каде да се потпрам јас! Овде ние го изградивме Хопот, знаеш кој темелите ги удри за да имаш своја дома! Приказната уште е иста, твојот мозок испрограмиран е како C-Sharp, чест на исклучоци со добро што се доле нон стоп, дур на други цел е тронот, што отпор не давале чим им побарале анален отвор, за такви само гас без маски во запален простор! И кога не им успева да бидат некој упати ги да повелат кај Ханибал Лектор! Farse: Имав Бон Тон, имав Хип Хоп, сега серам се за првпат у живо! Имаш продукција? Ние снимаме на диво, го пробивме звукот сега и ѕидот горди стоеме на ридот, Цареви кули без цензури па види маљага, ко бате Ацо фалангата, буквално фана га, абер се пушти, гласот се шири на струмичане, кога рока Дивизија рока до сабајле! Титаниум и Дивизија, ко никој друг Титаниум и Дивизија, ко никој друг Титаниум и Дивизија, ко никој друг и двете се сили се вртат во круг! И ти го врти умот, таков е адетот: бркни се у медот и ти си дел во редот и ти си меѓу сено, талкач на мисли во денот и да не ја спомнам вистината од сонот! Oвде се пише на листот ко регистер, државата виси на facebook и twitter на статус сиктер и контекст бистар, ти си фина личност па и магистер. El Borracho: Допирам мајк и го кршам овој синџир на креативни емси со исти мисли види, се враќам назад, ера на Титаните, паѓаат боговите а камоли останатите, а дали пречи дека рапувам ко НИКОЈ ДРУГ, ваков рап НИКОЈ не ЧУЛ, Дивизија со Титаниум ко НИКОЈ ДРУГ, па на бина декапутирам ко пила, одлепила цела бас мембрана штом на мајкот зинам, пијат рими како скинат, течам ко ракија, гори кај што минам брат, земете дупла доза пак бум и бап рап, небаре да сум DAS EFX па ова ќе е брат The Real HipHop, па нема место за фејк, ја долго чекав ко Брејк, албумот стаса боље стави го на риплеј, главата ќумбе, си купил вуфер? Брат ќе го прегреам до крајов на песнава, купи друг бре! Ова не е место, да стоиш во место, уште на влезот, скрши му вилица на човекот десно од тебе, диво племе, ритам тресе како девет скала рихтер, не те прима тогаш сиктер, за џукели кучина ти викај шинтер, за џукели рапери барај го човекот од Прилеп, џабе тврдиш дека ТИ СИ КУЛ, навикни на ВИСОК ЗВУК, после овој рап, не ти треба НИКОЈ ДРУГ!
20.
Кискин: Хип хоп во ретко своја форма, рап музика наспроти чкарт публика е борба моја. Таленти версус агенти со гадни финти, ова е премногу лично па нема да правиш бизнис! Идеата нема да умре, се додека има утре, ќе нема да биде најадено гладно куче! Јас сум херој од Марковиот дизајн, епа "Отстапи" ил пушти "Чекор напред" во rewind. "Не заборавај" тргни го тој бар код и жигот од чело, само отстрани го фактот да самиот на свое пак си, демек јак, а ти треба пасија без да си пасивен сфати! Гори градот пак, Кискинов е рап акробат, а планот за ќарот од кралот е облека ахрома. И не мора да чекаш старост знај, можам да дојдам и поранот на твојот закоп јас. Chronic: Нема простор на светов, нема ни време на веков, ова е свето нешто место каде држам стандард не ми треба престол, ова е змаево гнездо, каде си бетонот што го газиш, отровот што го дишеш, па пишаш чим доаѓа брат од срце, истото нека прсне, па нека проба некој да се дрзне, да докаже дека нема душа ова што го слушаш е крв и солзи пот и мака и пак не пуштај се додека нема прогрес, музикава ке биде во несвест и рапериве ќе се без свест, чест нема грам, без срам, а сакат мир, па сум Чернобил за рапери правам да изгледат ко изроди Никогаш нема ставот да сменам додека дишам планот е јасен сонот е вреднат, ова ме води, кај и да одам зверот е буден веќе се роди нека се чисти секој што не му годи рап!
21.
Втора шанса Кискин: Ако прерано одам и не се вратам сакам да знаат дека баш за ништо не жалам. Јас сум се трудел и сакал, знај јас сум љубел и талкал по улици па ова е до сите фала, ве сакам! Сите мои браќа, мојот татко и мајка, мојата сестра и секој што некогаш ни пружил рака. Ова е за секој за кого сум гордост, јас не би сменил ништо и да имам шанса втора! Farse: Сине јас се борам од друга страна горам сине јас творам ,паѓам станувам и одам се гордеам со мојата екипа,луѓе рипат така се лечи рана фрлат ножеви на срце,кинат да би можел се би снимал но веќе инспирација претварам во продуктивност морам јас да живеам,мора да се умре гордо да се умре за да ме зборат утре. Рефрен: Имам за што јас да живеам, можам да променам и што да зборувам... Сон остварувам и така докажувам, грешката е лекција со која јас живеам. Јас знам! Бандит: Е тоа е тој звук што тресе мембрани, во прав момент кога удира, за да печат рани. Тогаш ништо не е поважно, се е на ignore, збор за збор, крв до пот, до успех со напор, знај. Ова е за сите што ми го чувале грбот, кога јако пече сонце или истура грубо. Кога не се знае каков ќе е исходот, ни го знаеш пристапот, гаси ритамот! Chronic: Врати ме назад, 10 години во минато, ке видиш како гордо би го правел брат јас истото, кога прв пат листот го пунев со мисли, Струмица Crew - јас и Кискин, прав спој со исти принципи ова е за моите кучиња во кругот, дават подршка и љубов не ми треба ништо друго, мојот погон, моја сила, мојта љубов моите крила да правам право од срце искрено брат јас музика Рефрен: Имам за што јас да живеам, можам да променам и што да зборувам... Сон остварувам и така докажувам, грешката е лекција со која јас живеам. Јас знам! Скептик: Помина премногу време, ова е моето второ доаѓање, дали си спремен? Иако некогаш звучам арогантно, ги сакам браќата со кои растев на асфалтот. Сепак настанаа мали промени во стилот, го нема детето кое веруваше на сите, и растев со тек на време со печатот на тилот, сега добив крила сам во животот сум пилот. Тоа што било поминало и нека не се врати, лекциите научени, кој мислиш дека ги плати? Сам сум во ова, секогаш Скептик333, добив Втора Шанса на 27 години! Киндер: Дај ми шанса да го кажам тоа само што јас го знам, тоа што тежи на мене, тоа што тежи кон тебе, тоа што не движи сите дете, каде и да одиме сме како топол ветер. Водопад е мојот пат, по кој пат со мојот брат со ист став, ова е за на есен кога паѓаат лисја, кога те убива мисла кога мислиш дека си сам, имаш уште една шанса, Дивизија брат. Рефрен: Имам за што јас да живеам, можам да променам и што да зборувам... Сон остварувам и така докажувам, грешката е лекција со која јас живеам. Јас знам!
22.
Кискин: Еј, одамна не сум те сретнал, ми изгледа ко да поминале сто лета. Се заборавивме, години летнаа, а сега кога не е тука - се крие, демек спие секоја мечка. Јас сум мета пошто нигде не тежам и по балансов во овој непредвидлив свет сум вреднат. Велат.. мора да одлучам веднаш дали да потчинувам или да сум понижен до целта. Сепак, можам сам, морам да се борам јас, дознав - бојата не го прави твојот живот, туку ако е сиво земај свое мастило, пишувај - дури и да не те сфати баш никој денес... А има таму негде човек кој ќе слушне и ќе се пронајде овде ко тебе, и немој сеедно да ти е ништо, биди свој херој пошто сите се мртви и нема никој. Нема никој, празно е и тивко, ти си сам лично и ништо не е исто. Моите дни знај тажни се и тоа ме прави лут ко кучиња штом гладни се, кога нема веќе храна, тогаш треба се да правам, да се справам, години минаа пат кон дома јас да фатам... Па финансиски зијан сум денес, но сретнав многу мудрости и се што мечтаев од дете. Шанса јас искористив така да по мој ќеф е и ете, денес ова дел од мојот свет е. И не зависам, не гледам кон луѓето по партија и граница, скраја да е... оти на многу им е навика, судење по група... демек има супериорни наспроти рајата глупа. Слушај! Постои награда за труд, знај колку и да те судат искушението стај го на друг пат. Ти си големата слика, почни од себе зошто секој оган почнува со искра!

credits

released April 18, 2014

Produkcija: Kiskinov #1 - #21; Dj Goce SAF #22;
Mix/master: RickBeatz;
Dizajn/Ilustracija: Martin Kovachki/Elena Dishlieska;

2014 Shuriken Records

license

all rights reserved

tags

about

Divizija Macedonia

Artists:
Chronic
Farse
Bandit
Kinder
Kiskinov (also producer)
Dj Popeye
Duks (Drums)

contact / help

Contact Divizija

Streaming and
Download help

Report this album or account